Реката Брегалница е обоена во различни бои – има ли загадување?

26.04.2018 | 20:26
Прочитано: 3354

Реката Брегалница е обоена во различни бои. Од колекторот во кои се испуштаат отпадни води од фирмите кои се наоѓаат во кругот на поранешниот текстилен комбинат „Македонка“, попладне е забележано дека директно во реката се испушта вода која била со црвена боја, а потоа бојата се променила во сина, а вечерва и црна.

Ова го забележеле членовите на здружението  на спортски риболовци „Брегалница-Штип. На неколку метри од реката  се наоѓаат и подземните бунари, од кои Штипјани пијат вода, но директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев вели дека нема опасност за загадување на водите во подземните бунари.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.