Регионалната депонија кај Добрашинци ќе ја гради државата

15.05.2018 | 12:06
Прочитано: 802

Општините од југоистокот  со одлуки се откажаа од ингеренциите за изградба на регионална депонија и обврската ја префрлија на Владата. 

Претседателот на југоисточниот регион Коста Јаневски смета дека време е, сериозно да се пристапи на овој проблем за кој во изминативе десетина години општини не успеа да изградат регионална депонија.

Југоисточниот регион  го има донесено регионалниот план за управување со отпадот при што се планира изградба на станици за селекција на отпадот  и можно компостирање на органскиот.

Владата веќе најави изградба на четри регионални депонии,  но од таму се уште не е прецизираа за кои региони  станува збор.

И додека се чека изградба на регионална депонија, југоистокот се гуши во отпад имајќи во предвид дека бројката на диви депонии и покрај чистењето на комуналните претпријатија постојано расте.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.