Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ без кандидат на конгресот за избор на лидер

17.12.2017 | 19:01
Прочитано: 4164

Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Валандово.

„Во поглед на закажаниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Централниот штаб ги реафирмира принципите и вредностите наведени во Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и Декларацијата “Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија” пред личностите и борбата за преземање на обврската да се управува партијата. Од тие причини, нема да предложиме кандидат за претседател на овој Конгрес. Начинот на кој се повика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина“, соопштуваат од Иницијативата.

Денеска се одржа состанок на Централниот штаб на Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на активисти од Републичкиот штаб, 19 Окружни и сите Општински штабови низ Република Македонија. На истиот се разгледа реализацијата на планот за работа за 2017 година и актуелната состојба со закажаниот вонреден Конгрес на партијата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.