Референдумска сметка

10.10.2018 | 17:26
Прочитано: 1029

Наместо 3,5 милиони евра, референдумот ќе чини помалку, но точната бројка ќе се знае кога Државната изборна комисија ќе го изготвила во целост финансикиот извештај.  Претседателот Дерковски рече дека заштеди има во две ставки.

За 230 илјади евра намалени се трошоците за патување и хотелско сместување на избирачките органи кои беа испратени на гласачките места во странство. Исто така, референдумските ливчиња биле двојно поевтини, па наместо предвидени 440 ијади евра, ДИК ќе плати само 210. 

„Во нашиот план биле проектирани на 20 милиони денари, фактурата што ја добивме во изминатиот период е во висина од 6 987 137 денари што сметам дека како показател доволно да се види дека се продолжува со рационализација на трошоците во овој домен.“ - изјави Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

Членовите на ДИК, чии плати се 1000 евра, се откажаа од бонусите, но не и стручните служби и помошните тела на комисијата.  Генералниот секретар, кој претходно земал по три месечни плати, сега ќе добие 40.000 денари. Вработените во стручната служба по 30.000, а административните службеници во подрачните единици по 20 илјади денари. Сите овие суми се намалени за 60 отсто во однос на изборите во изминатите години, велат од ДИК.

„Законодавецот предвидел право, но не и обврска, сметаме дека со право се одредени реакции во јавноста и апсолутно сметаме дека ова е исправно. Тоа е наша заедничка одлука и дека интенцијата за наредните изборни циклуси ќе биде не само намалување, туку и укинување на надоместок за одредени категории на избори на администрација.“ - изјави Борис Кондарко, член на ДИК.

Надоместоците на општинските избори комисии се намели линеарно за 20 отсто. Непроменети остануваа парите за членовите на избиричките одбори.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.