Реалност или шпекулација, Бијонсе е повторно бремена?

12.07.2018 | 09:58
Прочитано: 1326

Се посилни се шпекулациите на фановите на Бијонсе (36) дека пејачката повторно е во блажена состојба. Широкиот црвен фустан кој пејачката го носела со сопругот и со ќерката, при прошетката на Кан, дополнително ги разгоре гласините дека таа е бремена по четвртипат.

Бијонсе има европска турнеја со сопругот Џеј Зи. Таа неодамна беше фотографирана и во Барселона, каде носеше кратки шорцеви, а го криеше стомакот со чантата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.