Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за продолжените притвори

13.01.2018 | 17:23
Прочитано: 1273

Скандалозна е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите за луѓето во врска со настаните во собранието на 27 април, оценува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата“ - стои во соопштението.

Апелациониот суд скопје вчера ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.