Реакција на Град Скопје: Интензивно работиме на креирање јавен транспорт кој е економичен и еколошки

22.04.2018 | 15:20
Прочитано: 749

Град Скопје реагира на наводите изнесени во денешната прес-конференција на советничката на ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ, во однос на новите пробни автобуси во Скопје и ги отфрла наводите за можна корупција.

„Градот Скопје интензивно работи на креирање јавен транспорт којшто е функционален, економичен и еколошки. Очигледна е лошата состојба во која се наоѓаат автобусите во јавниот превоз во моментов во Скопје и потребни се итни решенија за негово подобрување, а автобусите земени на тест-период се добар начин да се премости периодот до идната набавка на нови автобуси и да се донесе подобра одлука базирана на статистиките од користењето и задоволството на корисниците. Изминатиов период Градот Скопје доби два тест автобуси на ЦНГ гас од два различни производители кои што веднаш беа вклучени во јавниот превоз, а наскоро се очекуваат и нови слични проекти со други производители на еколошки автобуси меѓу кои и на еден електричен. Овие автобуси ќе бидат отстапени на Градот бесплатно, а првичните бројки покажуваат дека трошоците за гориво се речиси преполовени“, се вели во реакцијата.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.