Реакции по средбата Трамп - Ким Џонг ун

13.06.2018 | 17:28
Прочитано: 1179

Спијте мирно, нема веќе нуклеарна закана од Северна Кореја – беше првата твит порака на американскиот претседател Доналд Трамп по вчерашниот прв самит со северно корејскиот колега Ким Џонг ун кој се одржа во Сингапур.

Откако посочи дека повеќе нема нуклеарна закана од Северна Кореја, Трмап додаде дека средбата  со Ким Џонг Ун  била интересно и многу позитивно искуство, а Северна Кореја има голем потенцијал за иднината.

„Пред да ја преземам функцијата, луѓето претпоставуваа дека ќе има војна со Северна Кореја. Претседателот Обама кажа дека Северна Кореја е нашиот најголем и најопасен проблем. Не повеќе – мирно спијте вечерва!“- им порача претседателот на Американците.

Сепак, донекаде останува не е јасно прашањето врз што Трамп ги темели своите оптимизам и самоувереност, имајќи предвид дека декларацијата што ја потпиша со Ким е исклучително плитка и неодредена. Во неа, имено, пишува дека во согласност со декларацијата од Панмунџом која е потпишана на 24 април, Северна Кореја се обврзува дека ќе работи кон целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Меѓутоа, режимот на Ким притоа не се обврза на какви било временски рокови ниту конкретизираше како точно ќе изгледа денуклеаризацијата.

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун за време на разговорот со претседателот на САД Доналд Трамп изјавил дека Северна Кореја и САД треба „итно“ да престанат со „иритирачки и непријателски воени акции еден против друг“, јави севернокорејската новинска агенција.

Ким на вчерашната средба посочи и дека Пјонгјанг и Вашингтон би требало да престанат со провокации и да преземат правни, институционални чекори за да се обезбеди тоа. Во информацијата на севернокорејската новинска агенција се додава дека Ким рекол  дека Трамп „тоа го разбира“ и дека ветил прекин на воените вежби на САД и Јужна Кореја за време на преговорите со Северна Кореја. 


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.