Реакции: Меѓународната заедница го поздрави договорот

13.06.2018 | 22:50
Прочитано: 1385

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името и го оквалификува како пример на лидерство во регионот и пошироко. Тој ги повика граѓаните на двете земји да се обединат за да се придвижи процесот. За официјален Вашингтон, решението ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот.

Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение, велат од стејт департментот.

„Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што беше побарано од двете земји“. – изјави Хедер Нуерт – портпарол на Стејт департментот.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изрази надеж дека договорот за новото име на Македонија ќе биде во интерес на Атина и на Скопје и дека ќе го подржат граѓаните и на двете држави.

„Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без поставување на одредени вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија“ - изјави Лавров.

изјави Лавров на прес-конференцијата во Москва со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас. Британскиот амбасадор во земјава Чарлс Гарет рече дека договорот ќе го отвори патот на Македонија да оди напред во евроатлантските интеграции и ја повтори изјавата на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон.

„Тоа покажува одлично лидерство и политичка храброст. Треба да ги поттикне политичките лидери и во двете земји да ги препознаат вистинските придобивки кои прашањето за името ќе ги донесе“. - изјави Гарет.

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос рече дека станува збор за политичка победа бидејќи се решава прашање што ја измачуваше земјата, но и Балканот над 30 години, додавајќи дека како Влада се задоволни и горди на она што го постигнале.

„Убеден сум дека со текот на времето и оние кои не се согласуваат или изразуваат спротивставеност, ќе сфатат дека станува збор за неопходен политички и дипломатски компромис, кој и покрај тоа што е компромис, целосно ги заштитува и ги гарантира интересите на нашата земја“. - изјави Ѕанакопулос.

Интервенција од грчкиот претседател, за договорот, пред да биде потпишан да биде донесен во парламентот, побара лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис од претседателот Прокопис Павлопулос на нивната 30 минутна средба. Од Нова демократија, како што пренесува Катимерини, најавуваат дека ќе поднесат барање да се гласа за недоверба на Владата ако се покаже дека таа го нема потребното парламентарно мнозинство за ратификација на Договорот. Договорот меѓу Скопје и Атина го поздравија шефовите на дипломатиите на Германија, Хајко Мас, на Австрија Карин Кнајсел, како и Албанскиот претседател Илир Мета и претседателот на косовското Собрание Кадри Весели. Вселенскиот патријарх Вартоломеј изјави дека Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на, како што рече, нашите браќа во Скопје. Тој повикал на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.