Разузнавач од бомбите тврди морало да се набави „тоа на М"

12.03.2018 | 17:30
Прочитано: 11169

Киро Тодоровски, некогашниот шеф во кабинетот на Гордана Јанкулоска тврди дека МВР морало да го набави блиндираниот мерцедес. Такво возило со висок степен на заштита било неопходно за се возат странските делегати во земјава.

Предложен како сведок од СЈО, Тодоровски тврдеше дека набавката на луксузниот мерцедес била законски спроведена, иако за СЈО е спорна. Тој потврди дека на тендерот се јавила само една фирма. Прв во фамозниот мерцедес се возел генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, вели сведокот.

„Во повеќе наврати министерството за внатрешни го отстапуваше возилото кое беше наменето за него и при посетата на странски државници за да степенот на заштита не биде доведен во прашање. Возилото беше користено и од други странски делегати, емирот од Катар.“ - изјави сведокот Киро Тодоровски.

Но, за СЈО спорно е што на тендерот се фаворизирала единствената пријавена фирма-Макаутостар, а обвинетите ја злоупотребиле службената положба го знаеле тој факт и ја овозможиле постапката. Обвинителот Гаврил Бубевски го праша сведокот дали му кажале дека ова возило мора да има и телевизор. Но потоа го повлече прашањето.

Сведокот Тодоровски во 2012-та бил член на комисијата која го набавила возилото, а сега е разузнавац во агенцијата под капа на претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој е обвинет за изборни нерегуларности во предметот Титаник. Таму, СЈО му става на товар дека ја послушал неговата шефица Јанкулоска и овозможил жители од Пустец да добијат лични карти во општина Центар. За ова се зборуваше и во една бомба.

Блиндираниот мерцедес кој беше купен за речиси 600 илјади евра е продаден во тендерска постапка за прв пат. Сите останати возила Макаутостар ги продавале со директна спогодба, сведочеше управителот на Фирмата денеска во суд.

Додека трае судската постапка за случајот „Тенк“ во суд, мерцедесот останува во владината гаража. Јавното наддавање со почетна цена од 234 илјади евра, на илинденска бр 2 ќе го објават кога ќе заврши судењето. Владата не се откажува од намерата да го продаде бидејќи мерцедесот бил симбол за едно време кога нетранспарентно и расипнички се трошело.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.