Разрешниот директор на струшкиот затвор дел од истрагата за продажба на дрога?

11.07.2018 | 17:46
Прочитано: 822

Досегашниот директор на струшкиот затвор, Арменд Шаќири, кој самоиницијативно поднесе оставка, сега е директор на новоформирано претпријатие за паркови и зеленило – Еко Струга.

Во телефонски разговор за телевизја 24 тој потврди дека одлуката за неговота нова функција поминала и на советот во Струга. Шаќири децидно демантираше дека и тој бил инволвиран во криминалната група осомничена за трговија со оружје и дрога.

„Немам такво сознание дека сум дел од групата. Под наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата# - изјави  Шаќири во изјава за телевизија24.

Од Владата не прецизираат дали Шаќири е инволвиран во случајот, велат тоа е надлежност на органите на прогонот. 

Сепак, според неофицијални извори од истражните органи, Шаќири се уште е предмет на истрага, и не е исклучено да му биде поднесена и пријава. Од Министерството за внатрешни работи, денеска не сакаа да дадат повеќе детали, велат се работи за обемна истрага.

Инаку, истрагата во струшкиот регион започна во саботата, кога беа уапсени шест лица, а еден се уште е во бегство. Сите се осуденици, кои веќе издржувале казна во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга. Функционирале како крими-група, а во бизнисот со оружје и дрога  им помагал и еден инспектор. Полицијата истражува дали и други вработени во затворот биле дел од мрежата. Во меѓувреме, со затворот раководи Васил Ашталкоски, досегашниот заменик-директор, кој по оставката на Шаќири, ги добил сите овластувања.


Ирена Каревска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.