Разногласие во грчката влада за договорот од Преспа

10.10.2018 | 20:14
Прочитано: 1721

Грчката Влада останува посветена на Договорот од Преспа и ги поддржува напорите на премиерот Заев, јавува грчката агенција АНА-МПА по информациите за наводниот план Б претставен од грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во Вашингтон за меѓудржавни договори.

„Грчката влада останува посветена на Договорот од Преспа. Ги почитува уставните процеси во соседната земја и ги поддржува напорите на господинот Заев да ги имплементира предусловите за Договорот да стапи во сила". - изјави Каменос.

Претходно, грчкиот министер за одбрана Каменос кој престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави, на своите соговорници наводно им рекол дека Договорот од Преспа нема да се ратификува во македонскиот парламент и предложи одбранбен договор меѓу Грција, ПЈРМ, Албанија и Бугарија, а подоцна и Србија, за да се создаде зона на стабилност на северната граница на земјата.

„САД, со односот на доверба што сега го градат со грчките вооружени сили, грчката влада и грчкиот народ, всушност им ја даваат на Грција улогата на центарот на оската на стабилност на југ,  но исто така и на север со Албанија, Бугарија, Србија, земја која не е членка на НАТО и БЈРМ. Верувам дека во контекст на оваа политика, следниот чекор ќе биде потпишувањето на заедничките одбранбени договори, кои ќе помогнат во решавањето на проблемите“. - изјави Панос Каменос – министер за одбрана на Грција.

По средбата со американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, Каменос рече дека со  овој договор би се спречило навлегувањето на руското влијание без да биде потребно решавање на прашањето за името. Грција се залага за добрососедски односи и пријателство,  поддржувајќи ја ПЈРМ за влез во НАТО, но под услов севениот сосед да ги исполни сите неопходни обврски, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

„Само кога овој процес ќе биде конечен и неотповикливо завршен и само откако ќе се утврди дека ревизијата на Уставот ги вклучува сите гаранции, само тогаш ќе биде можно да се покани за влез во НАТО, како почеток на суштински разговори за пристапување на ПЈРМ во ЕУ". - изјави Прокопис Павлопулос – претседател на Грција.

Поделеноста во Грчката Влада во однос на договорот ја искористи опозициската Нова демократија, а одговорниот за надворешна политика во партијата Јоргос Кумуцакос побара од Каменос ако навистина не се согласува со преспанскиот договор да се  повлече од владината коалиција.


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.