Расте бројот на кучиња заболени од лишманија во Штип

24.04.2018 | 17:36
Прочитано: 2529

Болеста лишманија од почетокот на годината еутанизираше над 30 кучиња во Штип. Паразитот го пренесуваат посебен тип на песочни мушички карактеристични за тропските и субтропски региони. Кај кучињата се манифестира со промена на кожата посебно околу очите.

„Кај лучињата доаѓа до намалување на апетитот,покачена температура, промени на кожата и промени во внатрешните органи.“ - вели Крсте Митев, ветеринар.

Болеста е опасна и за луѓето. Во првите четири месеци годинава лишманијата веќе хоспитализираше двајца пациенти. Го напаѓа имунолошкиот систем и целосно ги уништува внатрешните органи. Лесно се дијагностицира, но честопати лекарите не се сомневаат дека се работи за овој паразит. Инкубацијата по каснувањето од заразена мушчка или комарец може да трае од десет дена до една година.

„Има распад на црниот, дроб, слезинката, сите  елементи од коскевата срцевина особено еритроцитиет и ако не се третира, тие завршуваат со смрт.“ - вели Марија Димитрова, Центар за јавно здравје Штип.

Освен кај бездомни кучиња болеста веќе е дијагностицирана и кај домашни миленици. Според ветеринарот Митев, лечењето е тешко и завршува фатално кај кучињата.

„Лекувањето на оваа болест е безуспешно, нема лек, ниту вакцина која може да го спречи.“ - вели Крсте Митев, ветеринар.

Најдобра превентива е прскањето против комарци, користењето на заштитни креми против инсекти и ставање на мрежи на прозорците.

„Кога ќе се прекине ланецот на заболувањето, ако нема куче или комарец нема да го има заболувањето.“ - вели Марија Димитрова, Центар за јавно здравје Штип.

Лишманијата не е само проблем на Штип, ја има и во другите региони од државата. Поголемите општини Штип и Кочани веќе ги завршија тендерите и со прскање против комарци ќе стартуваат до крајот на неделата. За регионален или национален пристап кон прскањето против комарци ќе се разговара и на некоја од наредните седници на ЗЕЛС.


Виолета Кожинкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.