Радио водителка се породи „во живо"

23.02.2018 | 14:13
Прочитано: 2804

Американската радио водителка Кесиди Проктор во својата утринска емисија го пренесуваше своето - породување „во живо“.

Водителката од Сент Луис, Мисури, се одлучи на овој потег, за да го исполни ветувањето и „да ги сподели сите свои најинтимни моменти со верните слушатели“, кои од самиот почеток ја следеа нејзината бременост. Инаку, на крајот бил неопходен и „царски рез“.

Додека била во болницата, Кесиди прво побарала дозвола за снимање, а потоа замолила едно од медицинските лица да и го придржи телефонот, додека слушателите, заедно со неа и нејзиниот сопруг Џери, „го дочекуваат доаѓањето на нивниот син на свет" - во радио емисија во живо.

- Ево го!, се слуша гласот на сопругот, во моментот кога малиот Џејмсон беше роден.

Прашана потоа дали била нервозна што тој посебен момент ќе биде пренесуван во живо, таа одговори дека „била нервозна само поради носењето на детето на свет", а емисијата е нешто што „таа го прави секој ден“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.