Работнички го елиминира Куманово и се пласира во финалето

14.05.2018 | 21:07
Прочитано: 895

Работнички го запечати полуфиналето против Куманово со максимални 3-0, откако вечерва славеше во „Градски парк“ со 81-65. Најтрофејниот македонски тим најави како ќе се одвива натпреварот уште по првите пет минути, кога поведе со 14-4, а на крајот од првиот период веќе имаше 24-9.

Предноста достигна и 20 разлика, а кумановци се обидуваа да се вратат, па на крајот од третата четвртина ја спуштија негативата под 10. Сепак, тоа беше само изолиран блесок, а Работнички повторно поведе убедливо носејќи го мечот до крај во ист стил.

Американците Шон Еванс и Маркус Гинјард имаа по 17 поени за победникот, а кај Куманово најефикасни беа Адем Мекиќ со 15 и Бобан Стајиќ со 12 поени.

Ова ќе биде прво финале за Работнички по пауза од четири години, а дали повторно ќе игра со вечниот ривал, како и во 2014, ќе покаже втората полуфинална серија. Таму МЗТ Скопје води со 2-1 против Блокотехна и гостува во четвртиот натпревар, закажан за утре во 18 и 30.


Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.