Прво рочиште за Елизабета Канчевска Милевска во случајот „Тендери”

21.02.2018 | 18:00
Прочитано: 2805

Поранешната министерика за култура Елизабета Канчевска Милевска седна за првпат во обвинителна клупа за предметот на СЈО „Тендери”. Но, не го слушна обвиннието. Нејзината одбрана на самиот почеток побара да биде отфрлено вештачењето за штета од тендерот кој Канческа го склучила за доградба на музејот на ВМРО. Тврдат дека е необјективно, а спорна за нив е и лиценцата на вештите лица.

„Имате завршена истрага со подигнато обвинение и готово вештаење. Месец дена и повеќе по изготвувањето на вештачењето имате барање за нови факти за утврдување.“ - изјави Сашо Дуковски.

„Советот за оценка на обвинителен акт иако ги имаше овие податоци и за странско лице кое не може да вештачи и за истечените лиценци, нема ниту еден ред дека тоа го прифаќа или одбива.“ - изјави Еленко Миленковски – адвокати на одбраната.

Како и во другите предмети на СЈО, одбраната побара да им бидат доставени бомбите. Од обвинителството на Катица Јанева пак истакнаа дека приговорите изнесени во судот биле претходно одбиени, а сите понатамошни изнесувања на истите барањата се со цел одолговлекување на постапката.

„Истите приговор беа изнесени и при поднесување на обвинителниот акт и советот за оценка на обвинението го одби како неосновани. Согласно законот за вештачење откако ќе се продолжи важноста на лиценцата таа важи од следниот ден по престанокот на важноста. Кога била дадена наредбата за вештачење двете вешти лица имале важечки лиценци. Приговорите на одбраната се со цел одолговлекување на постапката.“

Инаку Апелациониот суд минатата година реши дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка и во случајот „Тендери“. Во предметот на СЈО прво обвинета е поранешната министерка за култура  која се товари за злоупотреба на службната положба. Покрај Канческа Милевска, обвинети се уште две службенички од Министерството за култура. Следното рочиште е закажано за 13 март.


Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.