Прва ендоскопска операција на рамо извршена во болницата во Велес

13.09.2018 | 10:25
Прочитано: 2855

Велешани не мораат повеќе да одат на скопските Клиники за операции на рамо и колено. Во велешката болница за првпат беше изведена ендоскопска интервенција на таканаречено „смрзнато рамо“. Неа ја извршија двајца лекари, професорот Златко Темелковски од скопската Клиника за ортопедија и велешанецот доктор Зоран Арсовски, специјалист по ортопедија.

„Ова е првпат ендоскопски да се работи рамо, и тоа е голем момент за велешката болница, и за мене лично, за развој понатаму на кариерата“ - изјави Зоран Арсовски, специјалист по ортопедија.

Предноста на овој вид операции е што нема рана, ниту крварење, а пациентот е подвижен веќе следниот ден. Затоа, овие зафати во светот се познати и како еднодневни операции.

„Подобро е на овој начин докторот да дојде кај пациентот, отколку пациентот да трча по скопските Клиники и да чека редови, па да се шират приказни за разноразни манипулации“ - рече проф. д-р Златко Темелковски, специјалист по ортопедија.

Ова е историски ден за велешката болница, која лани ја презедовме со огромни долгови, а денес веќе влегуваме во сопствени инвестиции, вели директорот Димитар Стровјаноски.

„од 1.1 милиони евра долг намаливме на 400.000 евра и сега веќе 100.000 евра сме во инвестиција“ - вели Димитар Стровјаноски, директор на општа болница Велес.

Стровјаноски вети дека овој тренд ќе продолжи, со што велешани ќе добијат и поквалитетни медицински услуги. Проблемот со недостиг на специјалисти ќе се решава во договор со приватните лекари.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.