Прва АБА награда сезонава за МЗТ – Мавра е МВП на колото

16.01.2018 | 19:42
Прочитано: 1015

Победата на МЗТ Скопје в Загреб над Цибона, не само што значеше крај на долгата низа од 11 порази во АБА лигата, туку на македонскиот првак му ја донесе и првата индивидуална награда сезонава.

Доминик Мавра е избран за МВП на 16 коло во јадранската лига, откако на мечот во Загреб, беше еден од најзаслужните кошаркари во победата на МЗТ, со дабл-дабл учинок од 18 поени и 10 асистенции, на кој придодаде и шест скока. Се вкупно, со оценка од 34 индекс поени заслужено се закити со наградата најкорисен играч на колото.

МЗТ Скопје се бори за опстанок во јадранското друштво, а иако шансите се сведени на минимум, од таборот најавуваат борба се до последниот натпревар. Во следното АБА коло, в понеделник македонскиот првак ја пречекува Црвена Ѕвезда, а пред тоа, веќе утре во Јане Сандански ќе се сретне со Карпош Соколи во домашното првенство.


Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.