Прв директен лет, Истанбул - Охрид

15.04.2018 | 17:21
Прочитано: 3158

Со воден мост во форма на виножито, локум, разнобојни колачи и сечење торта, ТАВ Македонија срдечно ги пречека првите 180 патници од Истанбул, кои попладнево пристигнаа на аеродромот Свети Апостол Павле со авиокомпанијата Онур Ер во организација на туроператорот Татилбудур. Туристите очекуваат добар престој на Охридското крајбрежје.

Новите сезонски летови Истанбул-Охрид-Истанбул ќе функционираат секоја недела во периодот од 15ти април до 21ви октомври. ТАВ Македонија очекува фрекфентна летна сезона.Покрај Истанбул најавено е дека ќе бидат отворени уште три нови сезонски дестинации Варшава, Талин и Ајндховен, покрај постоечките сезонски летови од Амстердам, Брисел, Тел Авив, Катовице, во периодот од април до октомври.

Денеска гостите ги пречека и министерот Горан Сугарески кој пак најави многу новини за охридскиот аеродром со цел привлекување што поголем број туристи.

„Оваа линија е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авиокомпании. Во најскоро време ќе објавиме и повик за финансиска поддршка за нискобуџетните компании кои ќе понудат нови авио линии, со шпто ќе овозможиме граѓаните да летаат по ниски цени во многу метрополи.“ - изјави Сугарески.

Во моментов на охридскиот аеродром има три редовни линии до: Базел, Цирих и Лондон кои сообраќаат преку целата година.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.