Протестиираат работници „Јака 80“ – од газда Нини си ги бараат заостанатите плати

19.03.2018 | 18:06
Прочитано: 1499

Поранешните вработени од Јака 80 со  протест си ги бараат заостанатите  плати и отпремнини за три години. Се собраа пред затворената фабрика во Радовиш за да го изразат својот револт што никој не им го решава статусот. Речиси секој  побарува по околу минимум 300 илјади денари за што од надлежните, но и од газдата Јовица Стефановик побараа да се реши нивната голготата.

„Чекаме осум години да си ги земеме парите, плати, хранарина, опремнина, патни трошоци. Осум години за ништо од тоа немаме добиено пари, се е дадено на извршители, а немаме никаков одговор“, вели Анка Стојанова – поранешен вработен

„До ден денес немаме добиено ниту денар, никој ништо не кажува и превзема. Сакаме проблемот да се реши, да ни се дадат парите и да ни се реши нашиот статус“, вели Марика Вучкова – поранешен вработена

На протестот имаше и лица кои се уште се водат како вработени во Јака 80. Тврдат дека од  за цела 2017 немаат земено плата. Не знаат каде да се обратат за да им се реши нивниот статус, бидејќи ниту работат ниту пак се водат како невработени.

„Немаме ниту здравствено ниту пензиско осигурување. Ветуваат само дека плата ќе ни дадат. Седиме дома, имаме нерешен статус  и имаме и четири заостанати плати од 2014 година и за цела 2017 година“, вели Ленче Костадинова – вработена

„Некој мора да седи, мора да чуваме овде како вработени, но нема плата“, вели Живко Коцев - вработен

Не успеавме да стапиме во контакт со менаџментот на Јака 80 за да одговорат што со заостанатите плати и опремнините на сегашните и поранешните вработени од Радовиш, кои се заканија дека ќе излезат на протести во Скопје.


Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.