Протести во Букурешт пред одржувањето на конгресот на социјалдемократската партиjа

10.03.2018 | 19:44
Прочитано: 870

Одржувањето на вонредниот конгрес на романската Социјалдемократска партија (ПСД) предизвика протести во Букурешт.

Демонстрантите се собираа пред седиштето на партијата каде се одржува конгресот и извикуваа „крадци“ и „црвена чума“.
 
Лидерот на партијата Ливиу Драгнеа е обвинет за перење пари во Бразил, каде надводно купувал луксузни куќи на бразилските плажи.
 
Драгнеа ги негира обвинувањата.
 
Лидерот на партијата е под истрага и во Романија, за наводно присвојување пари од проекти кои ги финансирала Европската Унија.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.