Протест во Кисела вода поради изградба на кружен тек

21.05.2018 | 17:34
Прочитано: 4671

Власта се промени но инфратрсуктурните проблеми за жителите во месноста Припор  останаа и понатаму нерешени. Граѓаните својот револт и денеска го изнесоа пред кружниот тек кој веќе неколку години е во изградба а поради што велат дека секојдневно се гушат во прашина и стравуваат за нивната безбедност.

Ги повикаа градоначалниците Петре Шилегов и   Филип Темелковски да не си ги префрлаат надлежностите туку да најдат конкретно решение.

Пред три години на голема бина овој кружен тек  беше најавуван од тогашниот премиер Никола Груевски и екс градоначалниците на Град Скопје и Кисела Вода, а неговата изградба почна пред две години. Истиот  кружен тек поради нерешено имотно – правни односи   кои градската власт ги наследила од претходната не е ни близу до завршен. Од општина Кисела Вода информираат дека  е продолжен процесот за експропријација на земјиштето, со што изградбата на кружниот тек би можела да продолжи.

Како и претходната така и сегашната влст тврдат дека со реализација на овој проект нема да се затвораат улици, и дека никој од граѓаните нема да остане без пристап до нивните домови. Од општина Кисела Вода во врска со протестите на жителите  велат дека бил постигнат договор со Град Скопје но не потенцираа какво решение ќе им понудат на жителите од месноста Припор. Граѓаните возвратија - бараат предизборните ветувања да им бидат исполнети – во спротивно најавија дека ќе ја блокираат изградбата на кружниот тек.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.