Протест против изградба на регионална депонија во Дебрца

22.04.2018 | 17:25
Прочитано: 1586

Цела Дебрца на нозе, неколку илјади граѓани со транспаренти во раце уште еднаш гласно рекоа „не“ за изградба на регионална депонија во нивната општина. Точно на пладне борците за чиста Дебрца го блокираа магистралниот пат Охрид Кичево кај селото Ботун.

„Општина Дебарца никогаш нема да падне, во општина Дебарца не може да се гради депонија, затоа што ова е најчистото место во Македонија“, вели Јадранка Бибан координативно тело.

„Дебарца е изворот на најчистата регистрирана питка вода во Европа со официјално најголемиот извор на вода за пиење, сини вирови коишто исфрла 680 литри во секунда“,  изјави Бошко Ставрески член на координативно тело.

„Во најчистото место во овој регион, некој да одлучи да ни носи отпад од неколку региони. Ние нема да го дозволиме тоа“, изјави Павел Попоски член на координативно тело.

„Навистина сме изненадени од начинот којшто го избрал некој за да направи депонија. Ние не се согласуваме, овој крај е секогаш е чист и чист ќе остане“, вели Крсте Бимбилоски просветен работник.

Изјави Јадранка Бибан координативно тело, Бошко Ставрески член на координативно тело, Павел Попоски член на координативно тело, Крсте Бимбилоски просветен работник.

Протестот го подржа и градоначалникот Зоран Ногачески кој рече дека ниту тој ниту институциите немаат право да ја поништат одлуката која дебрчани ја донесоа на референдум.

„Никој нема право ниту јас како градоначалник, ниту советот на општина да дерогира една таква одлука која е донесена на еден најдемократски начин, преку референдум“, изјави Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца.

Независно од убедувањата на надлежните дека станува збор за модерна фабрика за селекција на отпад, која ќе донесе економски бенефит за жителите, дебрчани се едногласни во одлуките и по никоја цена нема да дозволат депонија во сливно подрачје.

Тие порачаа и дека доколку по денешниот протест Владата не ја отфрли одлуката за регионална депонија  се подготвени на уште порадикални мерки меѓу кои и  24 - часовно блокирање на сообраќајот.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.