Протест пред Собранието

18.06.2018 | 08:23
Прочитано: 6613

Пред Собранието на Македонија се одржува протест против Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. Протестот е организиран преку социјални мрежи.

Граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која е поставен полициски кордон.

Дел од учесниците во протестите фрлаат камења и факли кон полицискиот кордон. 

Тие укажуваат дека граѓаните се тие кои одлучуваат за својата и иднинатата на државата. Учесниците во протестот извикуваат пароли „Македонија, не го даваме името“ и пејат патриотски песни.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.