Протест пред Собрание за време на ратификацијата

20.06.2018 | 18:48
Прочитано: 2285

Дваесетина граѓани се собраа спроти Законодавниот дом за време на ратификацијата на договорот со Грција. Ги упатија истите пораки до пратениците, да се откажат од менување на името. Сметаат дека ова е непринципиелен приод кон народот и дека противуставно е на овој начин да се носат вакви големи одлуки. Но, критики упатија и кон опозицијата.

„Опозицијата има срамна улога помеѓу сопствениот народ. Вчера присуствувале и дозволиле да има кворум во собранието. Доколку имале поинакво мислење, како што срамежливо се декларираат во јавноста, можеле да излезат и да не дозволат кворум во Собранието, а вака се само соучесници на планот.“ - рече Ристо Мијаковски од движењето „Македонска преродба“

Сообраќајот на булеварот пред Собранието се одвиваше непречено. Протестот помина во мирна атмосфера, иако имаше засилено полициско обезбедување. За вечерва пак, граѓаните најавија дека повторно ќе се соберат на истото место за да го изразат своето незадоволство од изгласаниот договор.


Андријана Лазова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.