Протест на новинарите: Насилството, заканите и притисоци мора да запрат

12.03.2018 | 15:19
Прочитано: 1427

Новинари денеска протестираа пред Владата поради заканите против претседателот на ЗНМ, Насер Селмани од страна на висок партиски функционер на коалицискиот партнер во Владата ДУИ, Бекир Асани.

Новинарите носеа транспаренти на кои беше испишано „Копилињата нема да стивнат“, „Слободните медиуми не може да бидат замолчени“, „Пајакот убива, зарем не?“.

Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис изјави дека нападот врз Насер е напад на сите новинари и побара полициска заштита за него и пристапување на обвинителството. Претседателот на Здружението на новинари  Селмани порача дека новинарите постојано се изложени на закани и притисоци исе спроведува цензура по телевизиите.

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.