Просветната инспекција утврдила пропусти во работата во неготинското училиште

16.04.2018 | 13:48
Прочитано: 1713

Утврдени се потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти - ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште „Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето.

Од министерството за образование и наука велат дека педагошката евиденција  била водена  со пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни одделенски раководители.

Тие требало да достават предлог до соодветните органи во училиштето, за изрекување соодветни педагошки мерки.

По извршената инспекција ќе го сторат тоа, со цел позитивно да се влијае врз однесувањето на учениците и да се постигне поголемо чувство на одговорност и спречување на негативно и асоцијално однесување, велaт од МОН.

Оттаму додаваат дека од страна на училиштето ќе бидат преземени соодветни мерки за надминување на состојбите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.