Пронајдено чоколадо од Првата светска војна

03.06.2018 | 12:38
Прочитано: 6045

Метална кутија со девет парчиња чоколада е пронајдена меѓу предметите кои му припаѓале на британскиот херој од Првата светска војна, Ричард Булмор. На англиските војници стационирани во Франција за Божиќ ми биле поделени метални кутии со подароци. Од металната кутија на Булмор е изедено само едно од десетте парчиња чоколада.

Кутијата со чоколада стара 103 години заедно со останатите предмети на војникот ќе биде понудена на аукција во вторник. Меѓу останатите предмети на војникот има и подарок кутија со цигари, тутун и шкорчиња. Интересно е дека и кутијата со цигари е речиси недопрена, бидејќи недостасуваат само три цигари.

Предметите на војникот ќе се продаваат како целина и се очекува да достигнат вредност од 2.000 фунти.

Ричард Булмор е одликуван со повеќе медали за храброст, а по завршувањето на Првата светска војна се вработува во полиција, каде кариерата ќе ја заврши со чин началник. Умира во јануари 1967 година во Лестершир.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.