Пронајдени остатоци од авионот кој се сруши во Иран

19.02.2018 | 13:03
Прочитано: 797

Иранските државни медиуми објавија дека се пронајдени остатоци од иранскиот авион кој со 65 патници се сруши во централниот дел од земјата.

Заменик гувернерот на покраината изјави дека остатоците се пронајдени во близина на градот Денгезл во округот Самир во покраината Исфахан.

Авионот на компанијата „Асеман ерлајнс“ кој е користен за кратки, регионални летови се сруши по магловито време во близина на зафрлениот планински регион Семир, околу 620 километри јужно од иранската престолнина Техеран.

Авиокомпанијата соопшти дека сите патници и членови на екипажот загинаа.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.