Пронајдена најстарата порака во шише на светот

07.03.2018 | 14:34
Прочитано: 2626

На западниот австралиски брег е пронајдена можеби најстарата порака во шише. Напишана е на германски, а била фрлена во Индискиот Океан пред 132 години.

Шишето го пронашла Австралијанката Тоња Илман на островот Веџ, што се наоѓа 180 километри северно од Перт.

„Шишето беше прекрасно, па го зедов за да ми ги краси полиците, меѓу книгите. Случајно го видовме писмото, кое беше целото влажно, замотано и врзано со конец. Пораката е напишана на германски, со прилично блед ракопис. Датумот гласи: 12 јуни 1886 година“, раскажува Тоња.

Стручните лица од Западноавстралискиот музеј утврдиле дека пораката е фрлена од германски брод, во рамки на експеримент на Германската морнаричка опсерваторија, со цел - проучување на морските струи, заради побрзо и поефикасно морепловство.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.