Профитите на компаниите растат – но платите на вработените не го следат истото темпо

21.08.2018 | 17:49
Прочитано: 882

Расте профитот на македонските бизнисмени, но платите на нивните  вработени тапкаат во место. За 15 години профитот на компаниите пораснал  за 261 процент, а платите на вработените само за 73 – покажува анализата на Институтот „Finance think“. Така од 2000 до 2015 година заработувачката на компаниите се зголемила над два и пол пати или од 947 милиони евра на 3,4 милијарди евра.

„Големата разлика во самиот профит на фирмата и зголемување на платите делумно може да се најде кај доночната политика која свое времено, и уште сега е. Имаме  данок на добивка од десет посто како и девиденда од десет посто, а за во основа имаме реинвестирање нула отсто. Тоа означува дека на сопственикот побенифитарно му е да го направи профитот отколку да ги зголемува платите“ - изјави Иван Вчков од „Finance think“

Анализата покажува дека во 2000 година растот на профитот на бизнисот бил понизок од растот на платите на работниците. Овој тренд прекинува во 2006 и 2007 година кога профитот и платите растат рамномерно. Потоа од 2008 година повторно растот на платите е поголем од тој на профитот, зашто се воведе бруто плата и хранарината и превозот влегоа во основната плата, а пак од 2013 до 2015 година за првпат во тие 15 години, профитот расте побрзо од платата.

Дека бизнисот гледа на платите како на поголем трошок, потврдуваат и бизнисмените.

„Кога бизнисмените ќе знаат дека тој бизнис е долготраен или ќе создадат концепт на долготраен бизнис тогаш ќе одат во насока на задоволување на потребата на вработените. Додека се се движи во правец како што покажуваат  фактите и податоците дека во Македонија компаниите опстојуваат одреден период па згаснуваат, па се отвораат нови, тогаш насоката не е работникот“ - вели Миле Бошков од Бизнис конфедерација на Македонија.

Според статистиката, просечната плата во јуни е повисока за 6,1 процент од таа во јуни лани и изнесува 24.203 денари. Но, сепак e пониска од просечната во мај за 300 денари.


Александра Филиповска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.