Продолжува судирот на адвокатите и нотарите за законот за нотаријат

13.03.2018 | 17:59
Прочитано: 1249

На состанок во Владата вечерва претставници на адвокатската и на нотарската комора ќе ги пеглаат разликите во однос на измените и дополнувањата на Законот за нотаријат. За адвокатите неприфатливо е новото законско решение со кое се предвидива тие да бидат исклучени од нотарските постапките. Од друга страна, нотарите ги поддржуваат измените со образложение дека граѓаните ќе заштедат.

„Доколку остане ваков предлог закон тоа ќе биде на штета на граѓаните и на буџетот, од причина што се превидува нотарите даносат нотарски акти што е многу поскапа варијанта. Доколку се предвидуваа онаа варијанта што ние како адвокати ја бараме, а тоа е ние договорите да ги составуваме, ннотарот само да ги потврдува во форма на јавна исправа и таа варијантна ќе биде многу поевтина, ќе се намалат трошоците за 50%.“ - изјави Павлина Зефиќ, адвокат.

И за премиерот Зоран Заев има простор за доработка на измените. Настрана од борбата помеѓу адвокатите и нотарите, новото законско решение пред се треба да им служи на граѓаните преку намалување на трошоците за нив, вели тој.

Премирот верува дека и нотарите и адвокатите во одредени сегменти се во право и затоа ќе ги сослуша и двете страни, но Владата ќе ја има предвид и меѓународната пракса со крајна цел пониски сметки при нивните правно-формални постапки кои ги водат пред институциите.

Присуството на вечерашниот состанок го потврдија и претседателот на адвокатската комора Никола Додевски и на нотарската, Васил Кузмановски. Минатата недела адвокатската фела се закани со правна блокада на институциите доколку измените на законот за нотаријат добијат зелено светло од Владата.


Марија Севриева
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.