Проблемот со бездомните кучиња и натаму чека системско решение

14.08.2018 | 18:59
Прочитано: 1574

Сто четириесет и четири граѓани го тужат Градот Скопје и бараат да им се исплати надомест поради што биле каснати од бездомно куче, ова го покажуваат податоците на градските власти собрани од 2016-та година. Во последниве два месеци пак 197 лица завршиле на клиниката за инфективни болести, откако биле каснати од куче. Од нив 20 биле хоспитализирани.

Додека проблемот со бездомните кучиња се уште чека системско решение, власта и опозицијата со меѓусебни препукувања.

ВМРО ДПМНЕ го обвинува градоначалникот Петре Шилегов дека е неспособен да се справи со проблемот. Од партијата велат дека Градот нема направено ништо во насока на стационирање и третирање на кучињата во Вардариште.

„Граѓаните се жртва на кучињата скитници кои напаѓаат, касаат и ги трауматизираат. Власта на  која устата им е полна со ЕУ и НАТО, а чиј претставник е и Шилегов, треба да знае дека во ЕУ не се оди со полни плоштади и улици со бездомни кучиња“, вели Ирена Попова - Советничка во Советот на Град Скопје

Од СДСМ пак се правдаат дека проблемот е плод на децениската негрижа на претходната Влада. Советникот Васко Лазаревски вели дека Градот набавил нови возила за заловување на кучиња, а се бара решение и каде би можеле да се стационираат кучињата надвор од Вардариште.

„Град Скопје бара решенија за долготрајни стационари за чување на кучиња. Вардариште не е стационар за чување туку само за процесирање на кучињата. Се обидуваме да најдеме начин како поголем број на кучиња ќе бидат стационирани подолго времеи ќе им бидат обезбедени минимални услови за живот. Почнува процесот на чипирање на кучињата и ќе се знае како завршило на улица и останато“, вели Васко Лазаревски – Советник во Град Скопје

Проблемот со бездомните кучиња ескалира и во Охрид. Од здружението за заштита на животни Анима Мунди алармираат за масовно труење на бездомните кучиња во градот.

„Кучињата се бездомни и не се криви што се на улица, туку се и самите жртви на неодговорни сопственици кои ги размножуваат и напуштаат кога ќе им здодеат. Општините располагаат со финансиски средства и се должни да ги стерилизираат, третираат хумано без исклучок, а за да го решат проблемот неопходно е најстрого да се забрани неконтролираното размножување и најстрого казнува неодговорното сопствеништво! Општините се должни да го превенираат и казнат насилството врз животните, масовното труење на животни кое е опасно по животот на сите и за кои законот предвидува и казна затвор“, велат од „Анима мунди“ - Здружение за заштита на животни

Од здружението чекаат итна интервенција од општината, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Министерството за внатрешни работи.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.