Проблеми за селекторот Ангеловски пред Лихтенштајн, четворица репрезентативци со стомачен вирус

12.10.2018 | 11:43
Прочитано: 1757

Здравствени проблеми ја разнишаа атмосферата во македонската фудбалска репрезентација во пресрет на утрешниот меч од Лигата на Нации против Лихтенштајн.

Репрезентативците Бобан Николов, Стефан Спировски, Ферхан Хасани и Мите Цикарски утринава се пожалиле на стомачни тегоби и лекарскиот тим на репрезентацијата ќе биде на потег, да ги подготви за утрешниот дуел.

Поради новонастанатата ситуација тренингот што требаше да се одржи во 11 часот е поместен за попладне во 17:30 часот на Националната арена „Филип Втори“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.