Проблеми со јавните набавки

30.08.2013 | 16:52
Прочитано: 1846

Секој четврти договор за јавна набавка бил склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. 

Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи по поволни, односно конкурентни цени. 

Ова го покажуваат резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа првото тромесечје од годинава.  

Македонија останува една од ретките земји која во Законот за јавни набавки нема предвидено санкции за прекршувања на одредбите од Законот и покрај констатираните бројни случаи на вакви прекршувања.

Центарот за граѓански комуникации истовремено нотира дека е оспорено правото на фирмите да го докажуваат претходнотото искуство во работењето преку меѓусебно здружување. 

Државната комисија за жалби по јавни набавки оценува дека фирмите можеле да ги здружат капацитетите за докажување на способност за реализација на идната набавка, но не и за докажување на претходно искуство. 

Поради ова постои ризик од уште поголема концентрација на јавни набавки кај мала група на големи компании.

Поништувањeтo на тендерите е на исклучително високо ниво од дури 26,6%.

Вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 година изнесува 11 милиони евра, покажуваат резултатите на Центарот за граѓански комуникации.

Во првите три месеци од годинава изречени се 22 негативни референци со кои вкупно 14 фирми се ставени на црна листа и имаат забрана за учество на тендери од една до пет години. 

Низ мониторингот е евидентиран и случај на селективна примена на Законот за јавни набавки во однос на изрекувањето негативни референци.


Мишко Иванов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.