Приведен пијан татко кој го претепал синот, а ја тепал и сопругата!

10.08.2018 | 14:00
Прочитано: 1626

СВР-Скопје, до ОЈО-Скопје, поднесе кривична пријава против скопјанецот Ф.С.(47) за две кривични дела „телесни повреди во вршење семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот Ф.С. завчера во семејниот дом, во алкохолизирана состојба, физички ги нападнал неговиот двегодишен син и неговата сопруга Ѓ.С. и им нанел телесни повреди.

Додека неговата сопруга била на работа, Ф.С. физички го нападнал двегодишното дете, по што тоа се онесвестило. Околу 18.30 часот Ѓ.С. дошла од работа и ги затекнала своите четири малолетни деца заклучени во соба. Во моментот кога нејзиниот најстар син (9 години) ја отворил вратата, пријавениот Ф.С. физички ја нападнал Ѓ.С.

Таа успеала да избега во собата кај децата, кои и кажале дека татко им ги тепал сите, а најмногу најмалиот брат. По кратко време, Ѓ.С. со такси возило го однела двегодишниот син во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани телесни повреди и бил задржан на лекување.

Во разговор со полициските службеници Ѓ.С. изјавила дека ова не е прв случај на семејно насилство од страна на Ф.С.. Тој и порано ги малтретирал. Со помош на Центарот за социјални работи на град Скопје останатите три деца биле згрижени во шелтер центар.

Вчера во 01.05 часот пријавениот Ф.С. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.


 

 

 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.