Приведен е Младен Додевски - осомничен за „крвавиот четврток“

12.01.2018 | 22:02
Прочитано: 3686

Приведен е Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата од 27 април, дознава телевизија 24 од свои извори.

Додевски е од групата осомничени, по кои беше распишана потерница. Кривичниот суд бараше притвор за Додевски и уште четворица осомничени, меѓу кои  Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Дејан Давидовски и  Митре Питроповски.

Сите осомничени, се уште се во бегство. Освен нив, уште 28 лица за овој случај веќе се веќе во притвор.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.