Приватниот сектор не користи доволно нови ИКТ технологии за развој

29.10.2014 | 16:33
Прочитано: 1595

Во приватниот сектор минимален е бројот на фирми што својот развој го темелат на иновации, а мал е и процентот на оние што планираат иновативни и патентирани производи.

Ова беше оценето на европскиот ден на малите и средни фирми од информатичкиот сектор. Забелешки за ваквата состојба имало и во новиот извештај на Светскиот економскиот форум, дури 70% од компаниите немаат примена на нова и  висока технологија.

Во високо развиените земји – бизнисот со ај-ти технологијата е секторот кој вработува најмногу лица, велат бизнисмените. 

Банкарите сметаат дека ликвидноста на  компаниите е во добра кондиција, а благо подобрување има и во конкурентноста.

Во рангирањето на Светскиот економски форум од 148 земји во светот Македонија се најде на 57-то место според користењето на информатичките технологии во земјава. 


Иле Петревски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.