Притвореник од Куманово се обиде да го запали охридскиот затвор

14.03.2018 | 17:39
Прочитано: 1942

За влакно избегната трагедија во охридскиот затвор откако 31 годишен затвореник од Куманово вчера вечерта со цигара ја запалил постелнината, а потоа и ќелијата во која престојувал. За среќа пожарот бил локализиран навреме.

„Се работи за 31 годишно лице од Куманово затвореник во Казнено поправната установа Затвор Охрид.Тој околу 20 часот и 20 минути во една од собите на пртиворското одделение со цигара запалил постелнината но благодарение на навремената интевренција на  вработените во затворот и на ТППЕ спречено е понатамошно ширење на пожарот и лицето е неповредено“ - изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Од затворот за тв 24 информираат дека затвореникот имал примерно поведение и не бил воопшто проблематичен. Сеуште се истражува кои се мотивите за инцидентот кој можеше да заврши фатално. Првите индикации се дека со чинот се обидел да привлече внимание.

„Се работи за лице кое што во изминатиот период не покажувало вакви и слични други проблематични однесувања“ - додава Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Инаку ова е прв инцидент оваа година во Охрискиот затвор кој меѓудругото е и единствена казнено поправна установа за малолетни лица во земјава. После синоќешната драма превземени се порадикални безбоднси и надозрни мерки врз затворенциите.


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.