Примерните затвореници ќе посетуваат културно-уметнички настани

16.04.2018 | 12:21
Прочитано: 926

Културно-уметнички содржини за осудениците во Затворот во Шутка предвидува Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа министерот за култура Роберт Алаѓозовски и директорот на КПУ Затвор Скопје, Ѓоко Котевски.

Како што појасни министерот Алаѓозовски, со мерките се предвидуваат посети на културно уметнички настани за најпримерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање работилници и културно уметнички настани за самата установа од осудениците и со гости уметници.

„Со овие активности не само што ќе овозможиме подобра ресоцијализација и подобра атмосфера во оваа установа, туку со подобрувањето на условите придонесувме и кон исполнување на меѓународните стандарди во местата каде што престојуваат лица лишени  од слобода“, истакна Алаѓозовски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.