Прилепчанец се обидел да силува велешанка среде бел ден

16.05.2018 | 21:02
Прочитано: 5824

 

Пријателство на социјалните мрежи за малку ќе завршеше фатално за 27 годишна жителка на велешко село. Таа едвај се спасила од налетот и тупаниците на четири години постар прилепчанец, со кого вчера била на претходно договорена средба во Велес. Двајцата се спријателиле преку интернет, па се договориле да се сретнат во ресторанот на еден велешки хотел. Потоа со возилото на прилепчанецот, тие заминале во близина на спомен костурницата. Тука тој почнал да ја убедува на сексуален однос, но девојката одбивала. Сфаќајќи дека нема да го добие тоа што го смислило, 31 годишното момче почнало крвнички да ја тепа девојката. Од ударите таа се онесвестила, а прилепчанецот ја одвезол до градот и во близина на велешката гимназија ја оставил на патот.

 

 

Оттаму раскажуваат дека девојката била во толкав шок, што медицинскиот персонал едвај успеал да и се доближи и да ја прегледа.

 

 

Утврдена е психичка траума во своевиден шок. Поради природата на траумата се повикани специјалисти од другите одделенија и испратена е на ренгенски испитувања. Утврдени се повреди по главата и после укажаната медицинска помош пациентката е пуштена дома“, вели Марина Андова – портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес

 

 

Случајот е пријавен во велешката полиција, а по прилепчанецот се уште се трага.


 


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.