Прилеп: Меѓународен карневал „Прочка 2018“

18.02.2018 | 17:36
Прочитано: 1813

Со големото карневалско дефиле на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на околу 1.000 маскирани од земјава и странство во Прилеп се одржа 17. меѓународен карневал „Прочка 2018“.

Традиционално, дефилето го отворија карневалските мажоретки и „Прилепските мечкари“ заштитната маска на карневалот која претендира да биде заштитена и од УНЕСКО.

Пред прилепчани и гостите од целава земја и Балканот, дефилираа маските од Прилеп, повеќе градови од Македонија, од Србија, Албанија, Бугарија, Грција, од Украина, Словенија, од Црна Гора.

Мечкарите, продолжувајќи ги, како што велат, вековните традиции, го одржаа својот танц со тапани за да ги избркаат лошите духови. А здружението „Приелепски прочкари“ со оригинална маска насловена „Градо на мајмуните.“



Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.