Прихрана на дивеч во струмичко

28.01.2017 | 18:04
Прочитано: 3227
Ниските температури и снегот ги натера ловџиите да излезат на терен и да извршат прихранување на дивечот по околните планини во струмичко. Членовите на Беласица од Струмица и Фазан од Василево на повеќе ловишта на кои се концесионери оставија храна обезбедена од самите ловни друштва. 
 
„Целта на ловното друштво колку и да звучи контрадикторно не е само отстрелот на дивечот туцу целта на ловното друштво е да се грижи за дивечот. Отстрелот е само намалување на прекумерното размножување на дивечот. Но во такви земски услови, хумано е ловното друштво и врши прехрана на сите делови на нашите терени со луцерка и компир за ситниот дивеч,“ изјави Димитар Арапов, ЛД Беласица Струмица.
 
Стотина килограми сено и зрнеста храна се оставени на повеќе позиции за прихранување на ситниот прелетен и крупен дивеч, бидејки се поголем е интересот за лов во овој регион не само од земјава туку и од странство.
 
„За лов имаме доста интерес и од страна не само од Република Македонија. Има голем интерес сега моментално поради зголемената бројка на дива свиња има голем интерес за нејзин отстрел. Од дивечот кој што го поседуваме можеме да наброиме зајак, полска еребица кои ги имаме во поголем број аво помал број се фазан – кој што сме во фаза на нејзино зголемување а исто така можеме да се пофалиме во последните години и со поголем број на дива свиња и срна која што се повеќе зазема замав на нашите терени,“ изјави  Зоран Јанев, ЛД Фазан Василево.
 
Во струмичко функционираат 5 ловни друштва со околу 1500 членови. Информираат дека акциите за прихрнување на дивечот ке продолжи и во наредниот период.
 
 

Ване Трајков
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.