Претставник на Стрип-центарот на Македонија учествуваше на колонијата „Рашка 2018“

09.08.2018 | 12:31
Прочитано: 596

Сценаристот Александар Стеванов  од Штип беше претставник на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес на 7. Меѓународна стрип-колонија „Рашка 2018“ која деновиве се одржа на брегот на Семетешко Езеро, во близина на Рашка во Србија. Покрај Стеванов, на колонијата учествуваа и автори од стрип-школите од Белград, Лесковац, Никшиќ и од домаќинот Рашка.

Во рамки на колонијата беше промовиран петтиот број на српската стрип-ревија „Рас комик“, во која е објавен стрип од 12 страници на  Стеванов  и на илустраторот Дарко Богданов од Виница.

Од СЦМ-Велес информираат дека меѓу триесетината учесници на колонијата „Рашка 2018“ биле авторите Владимир Весовиќ, Горан Трајковиќ, Милош Цветковиќ, Илија Никчевиќ и Машан Савелиќ, а предавања одржале членови на некогашната култна уметничка група „Београдски круг 2“, Жељко Пахек и Бојан Ѓукиќ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.