Претседателот на агросиндикатот Живко Даневски куртули од затвор

25.02.2018 | 18:53
Прочитано: 3748

Првиот човек на Агросиндикатот куртули од затвор. Судот во Свети Николе го ослободи од кривична одговорност. Со службениот автомобил предизвикал сообраќајка. Возел со преголема брзина и излетал од патот. На лице место загинува неговиот сопатник и колега Љубомир Митев.

За несреќата која се случува на 31 март лани, Обвинителството по службена должност одлучува кривично да го гони Даневски. Му дава статус на обвинет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Клучен доказ е вештачењето од несреќата каде детално е објаснето како Даневски излетал од патот.

Вештаците утврдиле дека тој возел со преголема брзина или 110 километри на час, на пат каде треба да се вози максимални 70 километри на час.

Синдикалецот Даневски изгубил контрола над службената шкода. Друг автомобил не учествувал во незгодата, нотирале вештаците.

„Бил должен да ја прилагоди брзината спрема условите на патот, да се движи со брзина од 60-70 км на час со која брзина би биле намалени последиците од сообраќајната незгода, односно не би дошло до превртување на возилото.“

Судијката Валентина Буревска од светниколскиот суд носи ослободителната пресуда за Даневски. Во одлуката образложила дека обвинителството не докажала вина кај синдикалецот. За семејството на сега починатиот Митев, одлуката е скандалозна. Освен судска правда бараат и  морална одговорност од Даневски.

„Ќе се поднесе и до републички судски совет, Народен правобранител за да го видат случајот и да видат што во принцип се случува во судството. Во оваа ситуација станува збор за висок функционер, како може што он е надмоќен за сите и може да гги сноси и да има одговорност за своите дела што ги направил, што да правиме ние нормалните, обичните луѓе, кај да бараме правда?“ - вели Стојан Митев.

Даневски не прифати да зборува за случајот со смртни последици врз неговиот долгогодишен колега. Кусо за тв 24 кажа дека постапката не е завршена. Одби да ни ги даде и службените белешки, патните налози и причината поради која тргнале на службено патување со неговиот правник. Делото за кое бил обвинет предвидува затворска казна од 1 до 5 години.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.