Пресудите за „Поткуп“ и за „Тенк“ - партизирано или реформирано судство

23.05.2018 | 22:14
Прочитано: 1387

Верувам дека граѓаните на Македонија заслужуваат да добијат отворени судски постапки, а тоа ќе биде и најсериозниот симболичен дел на реформите во правосудството, затоа што во нашето правосудство богови во постапките се доказите. Ако ги нема никој не е виновен. Ако ги има секој има да одговара за тоа што се огрешил пред законот, рече премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според премиерот, денес отворено се зборува за се, така и за она што се случува во правосудството во државата.

„Јас верувам дека не е сјајно, се уште нема никакви кадровски промени во судството. Тоа се минимални, минорни, се работи за исти луѓе што веројатно треба и најголемата реформа да ја направат во својата глава, почнувајќи од нас политичарите, правосудството па дури и медиумите, државната администрација, бизнис заедницата сите. Реформите верувам дека правно формално ќе ги средиме со законите, но нивната имплементација зависи од луѓето. За да имаме квалитетни имплементации мораме да имаме транспарентност, отвореност, достапност до јавноста и граѓаните. Сите на крајот им служиме на граѓаните“, рече Заев.

Тој се осврна и на постапката која се водеше против него за случајот „Поткуп“ за што судот изрече ослободителна пресуда.

„Постапката што се водеше против мене буквално беше отворена за граѓаните, ја следеа отворено. Така беше и против поранешниот премиер Груевски, против други случаи каде што јавноста сака да има посветеност и внимание. Тоа вие новинарите го оценувате, таму сте, во самите судници, некогаш со камерите, некогаш директно, на порталите може  да прочитате се. Јас верувам дека македонското правосудство е на добар пат да биде независно и да дели правда. Законот во Македонија да важи еднакво за сите“, рече Заев.

Мицкоски реплицираше дека се во целосно нерамноправна положба со претседателот на Владата затоа што, како што посочи, трипати бил помилуван за криминал - еднаш од страна на поранешниот претседател на државата за случајот Глобал во Струмица, вториот пат од страна на СЈО за случајот Пуч. Посочи дека иако било ветувано не биле пуштени снимките за Поткуп пред новинарите и оти ако имало независно судство тој ќе бил осуден за поткуп.

„Независноста во судството е клучната реформа. Сега имаме позависно и позаробено судство од било кога во Македонија претходно. Имаме премиер на држава кој ги погодува пресудите, кој кажува дали ќе биде ослободен“, рече Мицкоски.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.