Пресуда за „Триста“ на 22 мај

16.05.2018 | 20:37
Прочитано: 1410

Предметот „Триста“ пред судска разрешница. Каква ќе биде  пресудата за обвинетиот Ѓоко Поповски-поранешен заменик-министер во МВР ќе се знае на 22 мај. На денешното рочиште, СЈО и одбраната ги изнесоа завршните зборови.

Обвинителството побара Поповски да се осуди за кривичното дело за кое се товари, а за кое е предвидена казна затвор од 4 до 15 години.

Поповски пак, се изјасни дека не е виновен и дека чека ослободителна пресуда. Како и на минатото судење, тој повторно се пожали дека долгиот судски процес му ја нарушил психо-физичката состојба. Истакна и дека се соочил со многу закани, но не презицираше од кого.

„Во изминатиов период се соочив со многу притисоци, закани и уцени. Исто така, во сомнителна дисциплинска постапка, добив и отказ од МВР.“ - изјави Ѓоко Поповски-поранешен заменик-министер во МВР

По завршувањето на рочиштено, никој не беше расположен да даде изјава. На минатото рочиште Поповски даваше исказ, а СЈО приложи дополнителни докази - извештај за сопственост на телефонски броеви од Телеком. На Поповски му се суди за злоупотреба на службена должност во врска со јавна набавка на 300 возила за МВР. Според СЈО, тој го оштетил буџетот за 453.570 евра.


Елена Милошевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.