Препукувањата на кардиологија откриваат уште еден проблем во здравството

14.03.2018 | 17:34
Прочитано: 2105

Борба на лекарски суети, политички реваншизам или реални причини за  разрешувања во здравството?  Кадровските смени ги скараа дел од лекарите на Клиниката за кардиологија.

Откако беше разрешен од функцијата шеф на одделот за интервентна кардиологија, кардиологот Сашко Кедев обвини дека бил деградиран, а мининстерот за здравство политички разрешувал и именувал директори и шефови на одделенија.
Новиот директор на клиниката пак контра Кедев. Вели, го разрешил затоа што често пати не доаѓал на состаноци, немал Мој термин и покажал негрижа кон пациентите.

„Не доаѓаѓе ана работа наутро како сите доктори и не постои на листата за електронска регистрација на времето за работење, не присуствуваше на ниту еден утрински состанок на кој се реферираат и дискутираат пациентите со што покажа негрижа кон нив. Единствен доктор што немаше Мој термин. ниту било каква работна обврска. Не беше во тек со пациентите на интензивна нега и за кои како шеф на интервентна кардиологија требаше да направи проценка и договор за интервенција. Побарајте пример на друг шеф на одделение кој се однесува така. Затоа е сменет од шеф на одделот.“ - изјави Жан Зимбаков – директор на Клиника за Кардиологија.

Д-р Кедев нема забрана да работи во сала и не е спречен за ниту една процедура тврди директорот Зимбаков.  Обвинувањата на Кедев дека клиниката е небезбедна за пациентите ги демантира и министерот Филипче оценувајќи ги како  неосновани и невистинити.

„Министерството смета дека на д-р Кедев не му доликува во јавноста да изнесува невистини за работата на Клиниката за Кардиологија, на која и тој самиот до неодамна беше директор. Сметаме дека тврдењата на поранешниот директор на Клиниката за кардиологија, кои апсолутно се невистинити, се директен удар врз целокупниот здравствен систем од кој, и тој самиот е дел.“ - велат од Министерство за здравство.

Зимбаков беше назначен за директор на кардиологија пред еден месец. Две недели откако ја доби функцијата го разреши Кедев. Одделот  вели директорот функционира како досега и со ист обем на работа.


Ивана Стојкова
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.