Премиерот Заев се обрати пред Европскиот парламент

13.09.2018 | 17:01
Прочитано: 2203

На македонски јазик, со аплауз од европските пратеници премиерот Зоран Заев од Стразбур порача, Северна Македонија со ќе биде 30-та членка на НАТО со признаен македонски народ и македонски јазик.

Заев најголем  дел од своето обраќање посвети на договорот од Преспа потренцирајќи дека двете страни се откажале од нешто, но добиле побвеќе. Премиерот порача дека е убеден дека референдумот ќе успее. Кога Заев го спомна пресанскиот договор, доби аплауз од европратениците.

„Рефенрендумот на 30 септември е многу повеќе од само референдум за договорот од Преспа. Тоа е рефререндум за иднината, за нашата втора независност, со историски димензии за нас како оние од 1991 година. Знаеме дека нашата слобода и независнот како мала земја е загарантирана само како членка на меѓународната заедница, како членка на ЕУ и НАТО.“ - изјави Зоран Заев, претседател на Влада на РМ.

Референдумот е многу повеќе од референдум за Договорот од Преспа. Тоа е референдум за иднината, за нашата втора независност, референдум со историски димензии како оној од 1991 година“, - порача Заев во Европскиот парламент.

Заев како и неговиот грчки колега Ципарс истакна дека договорот меѓу Скопје и Атина е модел како може да се решаваат и други отворени билатерални прашања. Европратениците на маса прашање за пренмиерот, го испратија на нозе со аплауз.

Неговото обраќање го најави претседателот на ЕП, Антонио Тијани. Тијани кој порача дека земјава има поддршка од ЕУ и ЕП.

„Како што знаете, за нас стабилизацијата на Балканот е од фундаментално значење, меѓурелигиозните дијалог на Балканот е од фундаментално значење. Така што, тој добро знае дека неговата земја може да смета на поддршката на ЕУ, но мислам дека за сите нас би било интересно да слушнеме каква е ситуацијата во оваа земја која е важна за Балканот и да разбереме која е иднината на целиот регион.“ - изјави Антонио Тијани, претседател на ЕП.

Поддршка на Твитер за Македонија и евроинтргеациите стигна и од европратеникот Едуард Кукан. Пред два дена обраќање во ЕП имаше и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој ги критикуваше македонската и грчката опозиција, но не одговори за јазикот и ннационалнсота во договорот за земјава.


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.