Премиерот Заев очекува неделава да се затвори прашањето за законот за јазици

12.03.2018 | 21:36
Прочитано: 1503

Власта в среда најверојатно ќе го гласа законот за употреба на јазикот, на утрешната координација ќе се прецизираат деталите. Дека законот ќе биде донесен оваа недела и официјално потврдува премиерот Зоран Заев.

Заев вели дека девет месеци било доволно дебата и време  е да се гласа. Заев вели законот ќе биде донесен согалсно уставт и законоите, сепак со најава дека законот ќе се гласа,  тој потврдува дека сценариото во кое ќе се дебатира за над 35 000 амандмани не е во игра.

„Прашањето треба да биде што поскоро затворено, заради тоа што порано се носеа вакви закони со завршување на парламентарните избори пред формирањето на владата. Сега е поразлично и девет месеци е отворена дебатата, тоа е неовозможено уставно право на граѓаните од помалубројните етнички заедници.“ - изјави Заев.

ТВ 24 уште во саботата објави дека СДСМ ќе го гласа законот за јазиците оваа недела и тоа без амандмани ако нема договор со ВМРО-ДПМНЕ. Токму лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во интервју за Сител со идентичен предлог до Заев  како и неговиот претходник. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи Владата, доколку пратениицте на Заев не го гласаат законот.

„Ако Заев има концесија, ние како политичка партија му стоиме на располаѓање и ако е уценет преку таа концесија дека ќе му се распадне владата и ако има договор да остане во владата, ние како партија му се нудиме да ја поддржиме владата во сите реформски процеси под еден услов, да го тргне законот за јазикот од собраниската процедура.“ - изјави Мицкоски.

За Заев, предлогот е копи-пакет. Од партијата на неговиот коалицисики партнер пак ДУИ пак, ја обвинија опозицијата дека ги разгоруваат меѓуетничките односи поради  партисики интереси. Висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ брифираше дека доколку собранискиот спикер го стави законот на гласање без амандмани ќе заработи кривична пријава, а опозицијата ќе го напушти дијалогот со власта за реформските закони. Да не се гласа без дебата порачаа и дел од аналитичарите, додека пак францускиот амбасадор во интервју за тв 24 ја повтори пораката на еврокомесарот Јоханес Хан дека законот не е дел од реформските приоритети. Законот за употреба на јазиците е дел од коалицискиот договор за влада меѓу Зоран Заев и Али Ахмети.

 


Душица Мрѓа
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.